Полицијата направи „партали“ во Скопје: Осум уапсени на пет локации
На 10.12.2022 во 21.00 часот на подрачје на општина Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Љ.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.12.2022 во 17.30 часот на подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Б.М.(22) и С.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.12.2022 во 01.30 часот на подрачје на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е И.Ј.(25) од с.Кадино, скопско затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.12.2022 во 23.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Н.Р.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.12.2022 во 01.30 часот на подрачје на општина Аеродром од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е Ф.К.(21) од с. Пирок, тетовско затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.12.2022 во 03.45 часот на подрачје на општина Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Ф.М.(20) и С.К.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.