Свет

Украинскиот заменик министер за инфраструктура уапсен за проневера на буџетот

Украинскиот заменик министер за развој на заедници, територии и инфраструктура Василиј Лозински е уапсен поради проневера на буџетски средства, објави Укринформ.

Вицепремиерот Александар Кубраков издал наредба да се подготват документи за разрешување на Лозински, објави на Фејсбук прес-службата на Министерството за инфраструктура.

Министерството за развој на заедници, територии и инфраструктура соопшти дека обезбедува целосна соработка во истрагата.

Медиумите претходно објавија дека Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) извршило претреси и го приведе Лозински за проневера на буџетски средства и дека истрагата е во тек врз основа на два члена од Кривичниот законик.

Лозински е обвинет и за примање поткуп од 400.000 долари за набавка на генератор, пишува Украинска Правда.

На почетокот на ноември, Лозински беше назначен за вршител на должноста министер за заедници и територијален развој по разрешувањето на Алекси Чернишов.

По спојувањето на Министерството за инфраструктура и развој на заедниците и териториите, со тоа министерство раководи Олександар Кубраков, а за негов заменик е именуван Лозински.

FOTO: Nexta

На почеток