За прв во независна Македонија крахира здравствениот систем, жртви се граѓаните затоа Ковачевски мора да замине час поскоро, вели ВМРО-ДПМНЕ
Владата предводена од Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе остане запаметена по крах на здравствениот систем, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Здравствениот систем за прв пат во независна Македонија колабираше. Со ова за прв пат граѓаните останаа без лекови, не се исплаќаа средства за породилно, а здравствениот кадар остана без плата.
И додека има незпаметен одлив на медицински кадар од земјава и нема кој да ги лечи граѓаните, Ковачевски и низата на функционери во јавните здравствени установи не мрднаа со прст навреме да се исплатат платите, односно да се запази законскиот рок.
Од погрешните политики Ковачевски и неговиот тим, кој се грижат за само за лични и партиски интереси, граѓаните страдаат секојдневно или не можат да добијат основна здравствена услуга за која плаќаат цел живот.
Последиците од криминалните политики на лицата во власта предводена од СДС и ДУИ граѓаните ги чувствуваат секојдневно.
Ковачевски и неговата екипа мора да заминат час поскоро“; се вели во соопштението.