(Видео) Хорор: Лице со посебни потреби оставено на клупа во Скопје – по лекарска интервенција никој не го вратил дома
Граѓани до Телма испратија видео на кое се гледа како лице со посебни потреби на околу 40 години возраст седи на клупа на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје, откако со неуспех завршиле обидите тој да биде однесен на четвртиот кат во неговиот дом.
Пациентот претходно имал лекарска интервенција, а кога го вратиле назад, болничарите и соседите не успеале да го вратат дома и го оставиле на клупата. Граѓаните велат дека морале да повикаат и полиција, од каде на Брзата помош и наложиле да дојде со носилка и да го решат случајот.
По неколку часовна голгота и со помош на припадници на Противпожарната бригада на Скопје успеале да го качат до неговиот дом.