Актуелно

(ВИДЕО) Во Косово му фрлија торта на главниот преговарач со Белград

Активисти на вонпарламентарната Социјалдемократска партија на Косово (ПДС) фрлаа чоколадна торта и милкшејк кон вицепремиерот задолжен за дијалог со Белград, Бесник Бислими.

На видеото од нападот се гледаат активисти како фрлаат парчиња торта на Бислими пред влезот на зградата додека извикуваат „честитки за заедницата на српските општини“, пренесува Klix.ba.

„Торта и милкшејк за заедницата. Тие што го прифатија се радуваат! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, порачаа активистите.

Бесник Бислими е заменик на премиерот на Косово, Албин Курти, и еден од водечките луѓе на косовската страна во преговорите меѓу Приштина и Белград.

На почеток