Македонија

Касами со Курти разговарал за политичката ситуација во земјава и последните случувања

Денеска премиерот на Косово, Албин Курти беше во неофицијална посета на Македонија. Тој најпрво присуствуваше на свеченоста по повод преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во Чаир, а потоа имаше средба и со градоначалникот на Тетово, Билал Касами.

„Чест ми е да му посакам добредојде на братска средба на премиерот на Република Косово, г-дин Албин Курти.
На средбата разговаравме за продлабочување на соработката на локално ниво, со посебен акцент во областа на образованието и културата. Нашата поврзаност е духовна и досега сме сведоци на тоа со партнерства. Разговаравме и за политичката ситуација во земјава и последните случувања.
Планинскиот туризам е одлична можност да се доближиме до Тетово и Призрен и остануваме посветени да обезбедиме можност нашите граѓани слободно да се движат преку заеднички развојни проекти
Исто така, на премиерот Курти му ја подарив сликата која го симболизира сведоштвото за некогашното страдање на албанскиот народ од Призрен и Тетово, кој се мачел
Денес сме многу подобри од вчера, работиме за утре да се најде со капитални инвестиции и Национални проекти“, напиша Касами.

На почеток