Македонија

Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот, реагира Пендаровски

Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот, реагира Пендаровски

Кабинетот на претседателот Пендаровски испрати реакција во врска со реакцијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за ставот на претседателот Стево Пендаровски за посетата на косовскиот премиер Албин Курти:

dobivaj vesti na viber

„Неверојатно е зошто во политичката партија ВМРО-ДПМНЕ не можат да разберат што навистина се случи во петокот.

Во нивното најново соопштение, освен примитивни дисквалификации по кои се препознатливи во јавноста, тие го критикуваат претседателот на државата затоа што побарал одговорност за организаторите на собирот на кој беше истакната карта на „Голема Албанија“, не беше интонирана македонската химна, ниту беше истакнато државното знаме!

Очигледно, за оваа политичка партија се поважни надлежностите на општините и Градот Скопје, отколку заштитата на националните интереси на државата“, стои во рекацијата од Кабинетот на претседателот.

Макфакс

На почеток