Вчеравечер, околу 23.50 часот, на местото наречено Чардак, на подрачје на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Биро за јавна безбедност ги лишиле од слобода 23-годишниот А. А. и 29-годишниот Р. Д., двајцата од Неготино, извести МВР.
„При преглед во патничко возило ‘опел’, кое го управувал А. А., и патничко возило ‘крајслер’, кое го управувал Р. Д., двете без регистарски таблички, биле пронајдени и одземени огревни дрва без документација. Дрвата и возилата биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против двајцата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Макфакс