Македонија

УБК прислушуваше, потврди Јанкулоска

Гордана Јакулоска очекувала, но не добила одговор кој, како и зошто прислушувал. Но, децидна е дека тоа го правела Управата за безбедност и контраразознавање.

„Јасно е дека прислушкувањето не се случило во жолти комбиња, туку во УБК. Но Обвинителството не докажа како се случило тоа, кој бил инволвиран“, рече Јанкулоска во интервјуто за „360 степени“.

Според неа, сомнежите дека и сега се прислушува, се оправдани. Тоа е така бидејќи претходните прислушувањата не се расчистени.

Прашана дали сите вклучени во прислушувањето се обвинети, рече: „Ако сакате, можам да кажам дека некои обвинети се вклучени. Најкоректно е да кажам дека одговор на прашањето кој и како го правел прислушкувањето не е одговорено. И не верувам дека ќе биде одговорено во судската постапка“.

На почеток