Македонија

Локализиран пожарот над селото Горно Јаболчиште

Локализиран пожарот над селото Горно Јаболчиште

Три „ер трактори“ од Дирекцијата за заштита и спасување од 11 до 14.20 часот во три налети дејствуваа, а со тоа им дадоа воздушна поддршка на силите на ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна Велес“, кои веќе трет ден го гаснат големиот пожар што избувна на 1.10.2023 година во 16.25 часот, на отворен простор во месноста наречена Ламја над с. Горно Јаболчиште.

Теренот е непристапен, вегетацијата е сува и многу висока (голосек со голема количина суви гранки и висока трева), а поради силниот ветер, огнот бргу се шири кон висококвалитетна шума, информираат од ЦУК.

Во моментот, како што појаснуваат, пожарот е локализиран, нема пламени јазици и чад, но екипите работат на негово внатрешно гаснење, како и спречување на евентуална можност за негово реактивирање.

На почеток