Македонија

Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година малиот Груевски повторно работи против интеграција, велат од СДСМ

Сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година малиот Груевски повторно работи против интеграција, велат од СДСМ

Нема разлика во ВМРО-ДПМНЕ меѓу Мицкоски и Груевски. Се расправаат меѓу себе, но ист им е ставот за изолација на земјата, велат од СДСМ.

„ДПМНЕ 11 години ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО. Големиот Груевски нудеше споменици наместо иднина“, дополнуваат оттаму.

Според нив, сега кога имаме историска шанса за членство во ЕУ до 2030 година Никола Груевски повторно работи против интеграција.

„Само не може да им понуди ништо на луѓето освен неизвесност“, истакнуваат од СДСМ.

На почеток