Македонија

Се збогуваме од актерката Ратка Радмановиќ, колегите: Почивај во мир, мајче

Голем број на колеги и почитувачи на нејзиното дело денес се збогуваат со Ратка Радмановиќ, познатата филмска, телевизиска и театарска актерка, која почина на 83-годишна возраст.

Радмановиќ, која го посвети работиниот век на Битолскиот театар, зад себе остави впечатливи улоги во филмовите ,,Мајки”, ,,Пред дождот”, ,,Панкот не е мртов”, ,,Сенки”, ,,Врба”, Прашина”, ,,До балчак”, ,,Трето полувреме”, ,,Големата вода” и многу други.

„Чуден беше нејзиниот пат, водечките рољи на театарот ги доби токму по пензионирањето, во филмот се прослави на возрасни години, токму пред крајот Нема кој не ја знае големата актерка од Сенки и Мајки на Манчевски, од Трето Полувреме на Дарко Митревски…Таа беше ангажирана речи си во сите понови македонски филмови со в печатливи улоги. Почивај во мир, мајче“, пишуваат нејзините колеги.

Родена Кочанчанка иако целиот работен век го посветила на Битолскиот театар.

На почеток