Скопје

(Видео) Снимена тепачка на Клиниката за Кардиохирургија

Снимки од надзорни камери во Клиниката за кардиохирургија го снимиле нцидентотот меѓу кардиохирургот д-р Сашко Јовев и директорот Марјан Шокаровски. Снимките се преснимувани од монитор, а се гледа и физичка пресметка во ходниците.

Две видеа беа испратени до медиумските редекации, но не се знае од кого бидејќи се испратени од новокреирана е-маил адреса.

На 18 септември во медиумите беше објавено за пресметка во Клиниката која беше пријавена и во полиција.

„Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката)“, информира Министерството за внатрешни работи. Оттаму е известено Јавното обвинителство и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток