Македонија

Прво признание: Власта подготвена да се помирува со Груевски и да му ја ублажи казната

Уставните измени нема да се гласаат додека не се обезбедат бројките, изјави во емисијата Клик плус на ТВ21 потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи. Но, според него, тоа ќе се случи наскоро бидејќи скрининг процесот е при крај. Сепак, Битиќи не посочува на кој начин ќе се убедат пратениците од опозицијата да ги поддржат уставните измени.

Новинарот: Може ли тоа да биде еден од начините власта да се пазари со гласови во замена за враќање на Никола Груевски? Битиќи рече дека е подготвен за доброто на државата да се согласи со условите што му се поставени.

Новинарот: Јас сум првиот што седнува и зборува за помирување, ако резултатот од тоа помирување може да донесе појасна иднина за државата и идните генерации кои треба да живеат овде.

Новинарот: Вклучувајќи го и враќањето на Груевски, вклучено или не?

Фатмир Битиќи: Да, да, но помирувањето не значи амнестија. Помирувањето може донекаде да ја ублажи казната. Но…

Новинарот: Нема простување на дела…

Фатмир Битиќи: Апсолутно.

На почеток