Македонија

Коалицирањето на СДСМ за изборите уште не е решено прашање: Се анализираат сите можности

Премиерот Димитар Ковачевски се уште не знае со кого ќе коалицира СДСМ на изборите. Тој посочи дека ќе има два блока, од кој едниот ќе го блокира пристапот до Европска Унија, а вториот, ќе ја носи државата кон полноправно членство.

„Во однос на настапот на изборите, се анализираат сите можности. Едно е сигурно, дека ќе има два блока – европски и антиевропски блок“, кажа Ковачевски.

Прашан за средбите кои ги одржуваат партиите на албанската заедница во Македонија, рече дека не знае за што разговараат и дека тоа треба да го одговорат тие.

На почеток