Македонија

ЕСМ која едвај опстои – вработува 500 лица, за Ковачевски ова не е спорно: Сигурно се за пополнување на работни места

Државната ЕСМ распиша оглас за вработување на над 500 лица на еден месец пред воспоставувањето на техничката Влада, односно на нешто повеќе од 100 дена пред изборите. Ова за премиерот Димитар Ковачевски не е спорно, иако станува збор за компанија која добиваше и владина помош оти едвај опстои за време на енергетската криза. Платите за нововработените ќе бидат од 30 до 60 илјади денари.

„Јас не би кажал дека се предизборни вработувања. Денес е декември, а на 8 мај се изборите. За тоа која компанија како работи, се прашува менаџментот на компанијата. Прашањата ќе мора да ги упатите до менаџментот. А вработувањата сигурно се за пополнување на работните места“, кажа Ковачевски.

Во оваа компанија ќе може да аплицираат заинтересираните кои сакаат да работат како хигиеничари, електричари, инженери, хаус-мајстори, но и возачи и курири.

На почеток