Македонија

(Документ) Колку државни пари ќе се трошат на пакетчиња: најмногу пари ќе платат Скопје, Кавадарци и Битола

Најмногу пари за пакетчиња убедливо ќе се потрошат од касата на Општина Битола, Општина Кавадарци и Град Скопје. Од 12 јавни набавки, пакетчињата на градоначалничката Данела Арсовска ќе чинат 750.750 денари или нешто повеќе од 12 илјади евра. Единечната цена на пакетче изнесува 1.300 денари. Ова значи дека Град Скопје може да набави над 570 пакетчиња.

Општина Кавадарци пак, според договорот за јавни набавки, ќе потроши 991.200 денари, а Битола пак, ќе плати 967.600 денари. За разлика од нив, Собранието, јавни претпријатија, општините, Владата – издвоиле помалку пари за оваа набавка.

Собранието склучило два договори, а ќе може да набавува пакетчиња за 273.430 денари. Владата ќе потроши слична сума, 273.000 денари.

Општина Штип ќе потроши 644.516 денари. ЕЛС Новаци склучи договор 79.182 денари. Општина Ново Село издвои 68.479 денари. Општина Свети Николе склучи договор од 355.933 денари. Свети Николе има 157.600 денари за пакетчиња. Јегуновце, 300.000 денари. Јегуновце има на располагање 250.000 денари. За пакетчиња во Велес ќе се потрошат 135.600 денари.

На почеток