Магазин

Google ја запира социјалната мрежа Google+

Google објави дека ќе стави крај на корисничката верзија на својата онлајн социјална мрежа, откако поради „баг“ во системот беа откриени лични податоци на повеќе од 500.000 корисници.

Американскиот интернет гигант изјави дека ќе ја прекине работата на Google+ за корисниците, која го загуби натпреварот со Facebook.

Портпароло на компанијата рече дека сериозните предизвици во креирањето и управувањето со Google +, за да се исполнат очекувањата на потрошувачите, како и нискиот интерес, се причина да се преземе овој потег.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток