Девет гранати паднаа на руско тло
Од
Објавено на
Украинските војници ја гранатираа железничката станица Глушково во областа Курск, објави утрово на каналот Телеграм гувернерот на таа руска област Роман Старовојт.
Тој изјави дека станицата и селото Кулбаки останале без струја и дека како последица на нападот избувнал пожар, кој бил изгаснат, пренесува ТАСС.
„Железничката станица Глушково е нападната од украинска страна со девет гранати. Жртви нема“, прецизираат од Старовојт.
Округот Глушковски е еден од шесте окрузи во областа Курск на границата со Украина, а РИА Новости пренесува дека областа редовно е цел на напади со украински беспилотни летала и артилериски напади.