Свет

(Видео) Тепачка и хаос во црногорското Собрание

Тензично со тепачка е во црногорското Собрание. На седницата избувна конфликт меѓу пратеникот на Демократската партија на социјалистите, Оскар Хутер и дел од пратениците од коалицијата „За иднината на Црна Гора“. Додека пратеникот Хутер држеше гобор, пратеникот Радуновиќ фрли нешто кон него, а тој постојано повторуваше „срам да ти е“.

И по дадената пауза, жестоката расправа продолжи, а Хутер и Кнежевиќ повеќепати се обидуваа физички да се нападнат, но беа спречени од останатите пратеници.

Пратениците на ДПС Данијел Живковиќ и Андрија Николиќ побараа да се повика обезбедување, се приближија до масата на Мандиќ, кој по кратка дискусија се оддалечи од местото.

На почеток