Свет

Овој град се подготвува за нов руски напад, Зеленски прави одбранбени планови со клучните луѓе на украинската армија

Путин и Зеленски прифатиле да се сретнат со африканските лидери за да разговараат за мировниот план

„Украина ги максимизира напорите да ги спречи руските планови против Харков“, рече нејзиниот претседател, Володимир Зеленски, додека украинската војска ја засили заштитата на вториот по големина град во земјата, за кој се верува дека е цел на следната руска офанзива.

Работиме со нашите партнери на зајакнување на противвоздушната одбрана, рече Зеленски во синоќешното обраќање, пренесуваат агенциите.

„Фокусот сега е на Харков, на енергетската ситуација и на поддршката на луѓето и компаниите во градот и регионот.

Претходно вчера во Киев, Зеленски се сретна со раководството на армијата за да разговараат за мерките за заштита на Харков, град на североистокот кој во изминатиот период беше под постојан оган од руските воздушни напади.

Главна тема беше Харков, одбраната на тој град од руските напади и можноста за зајакнување на нашата воздушна одбрана и електронското оружје во регионот“, напиша украинскиот претседател во апликацијата Телеграм.

Украинската армија верува дека вториот по големина град на Украина би можел да биде цел на следната голема руска офанзива.

На почеток