Приведени две лица од Штип, пронајдена дрога во нивниот дом
Од
Објавено на
На 03.07.2024 во 21.00 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија на дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.П.(36) и К.П.(32), двајцата од Штип.
Имено, при претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.