Македонија

Едно лице се бори за живот: тешка несреќа во Велес

На 06.07.2024 во 10.25 часот СВР Велес било пријавено дека на улица „АСНОМ“, пред влез на пералница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од М.А.(32) од Битола и мотоцикл „венџи“, управуван од Д.Д.(61) од Велес, и двете со велешки регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес

На почеток