Македонија

Потрага по Данела: Не се појави на советнички прашања во Град Скопје

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, не се појави на седницата за советнички прашања во Град Скопје. Поради ова, советниците од СДСМ се откажаа од работа, оти како што велат, нема поента да прашуваат било што, кога ја нема Арсовска да одговори.

„Советничките прашања се седница каде поставуваат прашања до градоначалник. Ако градоначалник не е присутен, ние нема да учествуваме во работата на седницата“, рече Љубица Јанчева, советничка од СДСМ.

По ова, претседателот на Советот, Трајко Славески, даде пауза за да ја бара Арсовска.

„Стандардна е процедурата да ја повикам градоначалник, да дојде во салата, бидејќи се бара нејзино присуство. 10 минути пауза за да обезбедиме присуство на градоначалник“, рече Трајко Славески, претседавач на Советот од Град Скопје.

Арсовска е во постојана караница со советниците во Градот. Дел од нив пак, неколку пати и укажаа дека непочитувањето на Советот е непочитување на жителите на Скопје, но и дека немаат намера да ја поддржат доколку не се појавува да образложи постапки и да каже детални решенија.

На почеток