Свет

Полицијата во Белград го евакуира Сава центар поради дојава за бомба

Поради дојава за бомба која ја добиле, во тек е евакуација на „Сава Центар“.

Дојавата за бомба била испратена на електронската пошта на еден од порталите со седиште во Сава центарот.

Како што дознава N1, во мејлот пишувало дека бомбата била поставена на вториот кат.

Полицијата ги евакуира луѓето и врши проверка.

На почеток