Македонија

Несреќа во Тетово: Се судриле мотоцикл и автомобил, мотоциклистот однесен во болница

На 26.09.2024 околу 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на булевар „Илинденска“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Р.(44) од с.Мала Речица, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(50) од с.Милетино, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На почеток