Свет

(Видео) Експлозија на северот на Косово: Оштетена пумпа и автомобили

Во центарот на Звечани на северот на Косово, нешто по полноќ одекна силна експлозија.

Според косовската полиција, во експлозијата нема повредени, но оштетени се пумпата и автомобилите. Причината за експлозијата се уште се утврдува.

„Околу полноќ одекна експлозија во близина на бензинската пумпа во центарот на Звечани. Во оваа експлозија нема повредени, а причинета е материјална штета на објектот на бензинската пумпа и неколку автомобили во близина. Се уште не можеме да кажеме што ја предизвикало оваа експлозија, додека надлежните единици се на терен“, соопшти полицијата.

Инаку, експлозијата се случила во близина на пумпата НИС со која сега стопанисува фирмата „Лаб оил“.

На почеток