(Видео) Пензионерите од Прилеп со торта го прославија зголемувањето на пензиите
Од
Објавено на
Пензионерите од Прилеп и неколку други градови од Македонија, кои подолг период протестираа за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари, вчера се собраа во просториите на Здружението на пензионери во Прилеп за да го одбележат еднократното зголемување на пензиите од 2.500 денари.
По тој повод пензионерите имаа подготвена торта со натпис „2.500 денари“.
„Радоста е голема бидејќи за нас значи многу 5.000 денари, што никогаш не би го заменила со 5,3% или 2,9% во 6 месеци од годината. Она што го зацртавме, го остваривме“, рече за ТВ „Сител“ Верче Јанческа, пензионер од Прилеп.