Малолетничка со тешки повреди пренесена на Клиника, ја удрил скопјанец со мопед
Од
Објавено на
Вчера во 13.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Лондонска“ и улицата „Варшавска“ во Скопје, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишниот А.О. од Скопје, удрил во малолетничка, а потоа и во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од Ф.С.(50) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.