(Видео) Шеваљ ќе се врати како слободен човек, Мијалков е помоќен по сите основи, вели ексначалникот од МВР, Ѓурчевски
Теоријата на ексначалникот и помошник директор во МВР, Љубомир Ѓурчевски, е дека Сашо Мијалков е помоќен од еден од лидерите на нарко-бандите во Македонија, Шеваљ Муареми. Тој смета дека моќта на Мијалков е голема од сите аспекти, без разлика на случувањата од измиантите години.
„Моќта на Мијалков мислам дека е по сите основи“, рече Ѓурчевски, па додаде: „Мијалков за него (Шеваљ) е лидер“. На прашањето „Шеваљ му се плаши на Мијалков, да сумирам?“, ексначалникот додаде: „Да, да“.
Ѓурчевски, очекува Шеваљ да се врати од Дубаи, како слободен човек во Македонија.
За сите нарко-шеми, моќта во скопското подземје и нечуени информации, погледнете во „Претрес со Ландов“: