„Известен е јавниот обвинител, се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, велат од Обвинителството по вчерашното сквернавење на македонското знаме
Од
Објавено на
Денот на албанското знаме се славеше низ Македонија, но и низ Скопје. Но додека тоа се славеше, на две места е снимено и сквернавење на македонското. Едната локација е Скопје односно Бит Пазар, каде македонското знаме било палено, а потоа искинато и фрлено. Во другиот случај, автомобил „дрифта“ над македонското знаме. На неколку локации во Скопје се слушаа и рафални пукања, но не се знае од што доаѓаа.
Од Обвинителството велат дека е известен јавниот обвинител и дека се преземаат дејствија за расчистување на настанот.
Од таму додаваат дека со повеќе детали ќе излезат во текот на денот.