Скопје

Марковска Илиевска: Благодарение на лошото менаџирање на Арсовска, се случи крах на ЈСП

Советничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска Илиевска гостуваше на емисијата „Дејли Клик’’ на ТВ21. Советничката говореше за моменталната ситуација со јавниот превоз, неуспешното менаџирање на раководствата на ЈСП и кој е виновникот за целата ситуација.

„Мора да признаеме дека благодарение на лошото менаџирање на Градот Скопје и менувањето на над 10 директори во ЈСП, дојдовме во оваа ситуација. Не е ова криза, ова е крах на ЈСП. Во иднина очекуваме по најавите и во другите претпријатија има големи проблеми, така што менаџментот , слабо или воопшто не се снаоѓа во градот’’, истакна советничката.

Таа додаде дека поради неспособноста да се справи со водењето на Градот, градоначалничката Арсовска цело време го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, кое само како советничка група не е мнозинство во советот. Исто така, напомена дека нападот од градоначалничката кон советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и во иднина, но сепак гласање за нови автобуси ќе се случи оној момент кога се ќе биде исправно и издржано.

Советничката го потенцираше фактот дека без пари во Буџетот, не може да се набават нови автобуси.

„Точките ќе се изгласаат, еве барем јас во мое име можам да зборам, во оној момент кога ќе сметам дека тоа е исправно и издржано. Јас да гласам набавка на еко автобуси, а притоа кога ја праша претседателот на совет, колку имаме буџет и од каде ќе се набават, таа рече дека има само еден денар во Буџетот’’, заклучи Марковска Илиевска.

На почеток