Очекуваме Арсовска да се вразуми, уште утре, да постапи според задолжението на Советот, вели Славески
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески и рече на градоначалничката Данела Арсовска: Да се преброиме. ова доаѓа откако таа тврдеше дека немало кворум за да се донесе одлука во Советот.
„Предизвикувачите на хаосот со јавниот превоз во град Скопје, на чело со градоначалникот Арсовска, го оспоруваат потребниот кворум од 23 членови на Совет присутни во салата за време на гласањето по Заклучокот. Не 23, туку во моментот на гласање беа присутни 29 членови на Совет на град Скопје, како што може да се види од приложените фотографии и од видео записот од седницата. 29-тиот присутен е претседателот на Совет, кој не е во кадарот. Очекуваме Арсовска да се вразуми и како што ние можевме да закажеме вонредна седница во рок од 13 часа од поднесување на барањето, уште утре (сабота, 30.11.2024 г.) да постапи според задолжението од Совет, а Советот да одржи уште една вонредна седница во текот на викендот, со што ќе се реши проблемот со приватните оревозници“, вели Славески.
Ова доаѓа по новата кавга помеѓу нив двајца. Претходно, Арсовска изнесе низа обвинувања.
Дописот од Арсовска до Славески е тука.