„Куќата се тресеше, морав да скокнам од прозорец“: очевидци раскажуваат на експлозијата на северот на Косово
Откако од силна експлозија пукна каналот Ибар-Лепенац, прва на удар е куќата на М.Л која се наоѓа под каналот и главниот пат.
Синоќа околу 19 часот се исплашила од силен тресок, по што водата почнала неконтролирано да тече и се излеала во нејзиниот двор.
Во изјавата за Нова.рс таа наведува дека морала да скокне од прозорец не знаејќи што се случува.
„Се слушна силен удар од правец на каналот. Водата ни го уништи првиот кат. Куќата се тресеше. Ни пукна темелот, ни умреа животните“, вели Л.М.
Водата уништила и помошни објекти.
Куќата на ова семејство била загрозена за време на поплавите во јануари 2023 година. А потоа претрпеле материјална штета на објектот.
Во текот на ноќта делумно е саниран каналот Ибар-Лепенац, а водата се уште излегува, но значително помалку од синоќа.
За потсетување, силна експлозија одекна во петокот вечерта околу 19 часот во селото Вараге кај Зубина Поток. Водоснабдувањето било прекинато, а исклучена е и струјата. Од хидропретпријатието „Ибар-Лепенац“ во Приштина објаснија дека е оштетен главниот канал што ги снабдува со вода водоводните претпријатија и Електростопанството.