Скопје

(Видео) Заменик-градоначалникот на Скопје поднесе оставка: Се удоволува на екипата од Сарај, се репресираат вработени, се пресметува со неистомисленици

Александар Трајановски од ГРОМ, Александар Трајановски, поднесе оставка од заменик-градоначалникот на Скопје. Тој кажа дека за извршување на функцијата не земал надоместок, а работел согласно законот.

„За жал, со горчина и разочарувања можам да кажам дека ниту еден мој предлог не бил прифатен и реализиран. Да ми кажеше некој тогаш дека сето ова што го правам за да со Град Скопје и јавните претпријатие владее екипа од Сарај и ДУИ уште веднаш ќе одбиев. Кога се нафатив да бидам заменик-градоначаник тогаш наводно градоначалничката беше во битка со партизираните претпријатија. Косана Мазнева против таа банда херојски се избори и ја отстрани од Комунална хигиена, а таа беше наградена со отказ. А денес градоначалничката на Град Скопје, од таа екипа назначува директори. Од кал да е, од Сарај да е, директор ќе биде“, рече Трајановски.

Тој додаде: Во изминатава година Град Скопје работи на проекти исклучиво за Сарај, како да не постојат останатите општини во Скопје. Јас не прифаќам да бидам заменик-градоначалник на Сарај и градот да удоволува само на екипата од Сарај…. Поради незрелата политичка пресметка со сите градоначалници освен на Сарај и со неистомислениците, заради секојдневното малтретирање на граѓани, инвеститори, стоанственици, како и поради постојанито мобинг, изживување, репресирање на вработените во градот и јавните претпријатија си повикувам неотповиклива оставка од функцијата заменик-градоначалник на Град Скопје.

На почеток