Свет

55 торнада погодија осум држави во САД

Националната администрација за океан и атмосфера (НОАА) соопшти дека прелиминарниот изештај за страшните олуи покажува дека дури 55 торнада се појавиле во понеделникот во осум држави во САД.

Доцна синоќа големо и опасно торнадо го зафати и западниот дел на Канзас Сити, во државата Канзас, објави Националната метеоролошка служба. Според властите, најмалку 11 лица се повредени. Големината на штетата во моментов не е позната.

Во извештајот се констатира дека невреме го зафатило централниот дел на земјата, при што 14 торнада имало во Индијана, 12 во Колорадо, 9 во Охајо, 7 во Ајова, 5 во Небраска, 4 во Илионис, 3 во Минесота и едно во Ајдахо на Запад, пренесе АП.

Торнадата на места предизвикаа поголема материјална штета, а во Индијана оштетени се 75 куќи.

Би-би-си наведе дека околу пет милиони лица биле погодени со недостиг од електрична енергија што ја предизвикале торнадата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток