Големо невреме го погоди романскиот град Залау, каде што за пет минути паднала огромна количина на град, која била доволна да го опустоши градот и да направи голема материјална штета.
Парчињата мраз кои имале пречник и до пет сантиметри оштетиле стотици возила, покриви од куќи и фасади.
Според медиумите , во еден момент паѓал град со големина на човечка дланка, па стотици автомобили биле практично демолирани.
Од силината на ударите биле оштетени бројни покриви и фасади, а невремето со град било проследено и со силни ветрови, а било забележано дури и торнадо.