Иранецот Реза Парастеш, кој изгледа многу слично како капитенот на Барселона, Лионел Меси, е обвинет за заведување девојки, објави „Антена 3“. Според медиумите, 23 жени го обвинуваат овој човек дека се претставувал како 32-годишниот Аргентинец, за да ги заведе.
Парастеш пак демантира. Тој вели:
-Оваа вест го претвори општеството против мене. Не верувајте во ова, тоа не е вистина, јас ќе направам се за да се борам со клевета и да го оставам чисто моето име.