Магазин

Таткото на Меланија Трамп дојде во Словенија поради тужба за повреда на честа

Прв пат откако неодамна стана американски државјанин, таткото на американската прва дама, Меланија Трамп, Виктор Кнавс, допатува во Словенија поради приватна тужба за клевета и повреда на честа, која пред повеќе од две години поднесе против новинарот Бојан Пожар.

Кнавс вчера даде исказ во окружниот суд во Љубљана, каде се појави во придружба на адвокатката и одби да даде изјава на новинарите кои го обиколија кога излегуваше од судот и им порача дека се понападни од американските колеги.

За време на излегувањето од судот, Кнавс им дофрлил на новинарите: „Бај, бај“.

Неговата адвокатка, Наташа Пирц Мусар, која во Словенија ги застапува правните интереси на Меланија Трамп, изјавила дека новинарот Пожар е тужен бидејќи во неговите независни публикации и таблоиди своевремено наведувал дека Кнавс во младоста бил во затвор, што е неточно о се смета за клевета.

Како што се наведува, се работи за наводи дека Кнавс во младоста, кога се занимавал со продажба на авто-делови, бил осомничен за затајување данок, односно со трговија на црно и дека затоа бил осуден на затворска казна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток