Единствена Македонија силно ја поздравува искреноста на францускиот претседател Емануел Макрон дека НАТО Алијансата е на смртна постела и минува низ мозочна смрт, а Европската унија е на работ на провалија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.
Сега останува триото Заев, Шеќеринска и Димитров да се извинат за сета болка и понижување што му ја нанесоа на македонскиот народ со бришењето на се што е македонско во замена за членство во НАТО и ЕУ спротивно на волјата на народот од референдумот лани на 30 септември.
Останува Заев да разбере дека неговите политики на надворешен план се целосно поразени. Заев ќе биде силно поразен на следните избори, но, за националното предавство со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, одговорност мора да има.
За новата легална власт на Единствена Македонија која доѓа нема дилема. Светот е многу поширок и не завршува во Брисел и Вашингтон. Македонија има алтернатива во сојузи и партнерство со држави кои не го доведуваат во прашање македонскиот народ и македонската држава.
Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е гарант за поништување на сите антимакедонски договори и враќање на Македонија на изворните илинденскии асномски принципи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.