На граѓаните од страна на власта им се сервира уште една невистина која овој пат е наменета за повозрасните, за пензионерите. Пензионерите наместо мирен и достоинствен живот со заслужени пензии се борат за опстанок, бидејќи нивните пензии не растат. Тие се недоволни за покривање на основните потреби. Најавеното покачувања од страна на Владата е уште едно лажно предизборно ветување на Зоран Заев, чија демонтажа во продолжение ќе покаже дека всушност Владата ги оштетува пензионерите и ги остава покуси за половина од парите за покачените пензии кои треба и им следува, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние како држава имаме пензии кои не го следат растот на трошоците за живот, и слично како и најавеното покачување на платите на наставниците, учителите, и професорите, вработените во образованието, сега отворено се манипулира и со покачувањето на пензиите на пензионерите. Се манипулира бидејќи тоа всушност и не е покачување, туку намалување.
Пензиите не растат со истиот тренд како во периодот од 2010-тата до 2017-та година, а тој процент е намален зошто оваа влада го смени начинот на усогласување на пензиите.
Суштината е дека пензионерите наместо целосно зголемување на пензиите од 1.100 денари кои им следува согласно методологијата која оваа влада ја промени на почетокот од оваа календарска година, започнувајќи со пресметката од 01.01.2019 која им следува согласно методологијата која оваа Влада ја промени, ќе добијат само 700 денари. Со што Владата и Заев ќе им скрати од пензиите речиси 400 денари, средства кои ќе ги одземе од над 300 илјади пензионери.
Да одиме по ред,
Имено како што кажав Владата на СДСМ и Зоран Заев на почетокот од оваа календарска година започнувајќи од 01.01.2019 година одлучи нивелирањето на пензиите, усогласувањето на пензиите да биде само по еден столб, односно само по столбот просечна покачена кошница за трошоци. Односно просечно покачени трошоци. Додека пак вториот столб кој што беше пракса во минатото,а тоа беше просечно покачена просечна плата практично го избриша. Така што денеска пензиите се нивелираат само за зголемените трошоци односно зголемената потрошувачка кошница, а не ги следат покачувањата од на просечната плата.
Што значи тоа? Направивме кратка рецензија и кратка компаративна анализа на тоа што се случувало во минатото и тоа што се случува денеска и што ќе се случува започнувајќи од 1 јануари 2020-тата година. Имено пензиите годишно два пати се усогласуваат. Еднаш се усогласуваат на 1-ви јануари, а вторпат се усогласуваат на 1-ви јули во тековната година.
За периодот од 2010-тата година заклучно со јуни 2017-тата година кога е прв месец под раководење на Зоран Заев и СДСМ во Владата пензиите просечно биле зголемени за 35% односно просечната пензија во 2010-тата изнесувала 10.273 денари, а во јуни 2017-тата 13.879 денари или за овие месеци индикаторот на пораст изнесува 0.4% секој месец.
Го анализираме вториот период започнувајќи од јуни 2017-та до октомври 2019-тата, месец кој што го имаме како податок последен на располагање. Имено во тој период просечната пензија се зголемила од 13.879 на 14.572 денари или за нецели 5%. Со индикатор 0.18% месечно. Што значи дека во периодот од 2010-тата до јуни месец 2017-тата, кога е избрана Владата на Зоран Заев и СДСМ пензиите пораснале визави индикаторот за 2.22 пати повеќе отколку во периодот во јуни 2017-тата заклучно со октомври 2019-тата година. Што значи дека оваа влада на СДСМ и на Зоран Заев не покачува пензии, туку намалува пензии и го намалува растот на исплатената нето пензија. Да ги потсетам граѓаните, да ги потсетам пензионерите дека годишното зголемување, еднократно во период од 2014, 2015 и 2016 година кој што беше во висина од 5% во 2017 беше укинато од страна на владата на СДСМ и Зоран Заев.
Понатаму, правиме анализа на изгубеното на пензионерите како резултат на измените на исплата на пензиите, во измените на законот за исплата на пензиите каде што беше укинат вториот столб кој што практично ги нивелираше нето пензиите, во однос на просечно исплатената нето плата во државата,
Имено, првото нивелирање се случи на први јануари 2019 година и тоа требаше да биде нивелирање кое што завршува заклучно со 30 јуни 2019 година. Како репер е земен порастот на просечната исплатена плата во втората половина од 2018 година. Таков е законот шестмесечието кое што му претходи на датумот на порамнување и усогласување практично репер шестмесечие, додаде Мицкоски и продолжи:
Јас таксативно ќе ги прочитам процентите на зголемена просечна плата поради, рековме кои мерки, тие теми ги третиравме во минатото и ќе продолжиме да ги третираме во иднината. Имено, за 6,15% е зголемена просечната плата во периодот од месец јули 2018 до месец декември 2018. Тоа претежно се должи на интервенционистичкиот метод на раководење со буџетот на Македонија, а не со зголемување на продуктивноста, зголемени странски инвестиции или зголемени инвестиции на домашните компании. Што значи дека за половина од оваа вредност, од овој процент, требаше да бидат зголемени пензиите во периодот од 01.01.2019 заклучно со 30 јуни 2019 или тоа би значело доколку пензијата која што беше просечно исплатена во декември од 14.445 денари ја зголемиме за овој процент од 3,075%, а тоа е дополнителни 445 денари, тогаш просечната пензија во овој период во државата која што се исплати требаше да биде 14.890 денари, или 2.670 помалку кај пензионерите се исплатени од тоа што требаше да се исплати доколку не се интервенираше во законот и не се избришеше одредницата каде што се нивелираа пензиите согласно порастот на просечната плата.
Вториот период од година, втората половина односно второто нивелирање кое што се направи на 1 јули 2019 се однесува на периодот од 1 јули 2019 до 31 декември 2019. А, за репер се зема просечно исплатената нето плата во првата половина од 2019 година. Односно тој просек изнесува 3,5% намален, двојно помалку речиси од тоа што било во втората половина од 2018 и повторно се должи поради интервенционизмот, а не поради зголемениот обем на работа, инвестиции и поради продуктивност. Што значи дека пензиите во периодот од 1 јули 2019 заклучно со 31 декември 2019 потребно беше да се зголемат за, внимавајте од 14.890 плус овие 1,75% или 260 денари на 15.150 денари.
Да сумирам во 2019 година пензионерите ќе изгубат просечно по 6.900 денари во текот на целата година. Што значи дека оваа влада на СДСМ и Зоран Заев не ги покачува пензиите, туку напротив со укинувањето на втората одредница ги намалува. Доколку во периодот од 01.01.2020 заклучно со 31.12.2020 останеше стариот закон односно нивелирање на пензиите согласно порастот на просекот – плата во државата и доколку се анализираат индикаторите за првите месеци од втората половина во 2019 и се претпостави раст на просечната плата од 5 % кој што ќе се случи во првата половина од 2020 година тогаш пензиите во 2020 година потребно беше да се зголемат за дополнителни 692 денари кое што е приближно исто онолку колку што владата на СДСМ и Зоран Заев денеска предизборно ветува дека ќе ги зголеми за 700 денари.
Да сумирам.
Доколку не се случеше бришење на членот во законот за исплата на пензиите со важност од 01.01 2019 година, пензионерите во периодот од 01.01.2019 заклучно со 31.12.2020 година ќе имаа за 1.100 денари повисока пензија споредено со пензијата која што ќе ја примаат од 01.01.2020 доколку под услов оние ветени 700 денари бидат исплатени или 400 денари помалку.
Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемува пензиите туку напротив со бришење на законот и интервенирање во законот каде што се нивелираат пензиите со порастот на просек плата тие ги намалуваат пензиите.
Третата теза и третиот удар кој што беше нанесен на стопанството беше зголемување на стапката на оданочување и пренос на средства во Фондот за пензиско инвалидско и здравствено осигурување во 2018 се извинувам во 2019 од 0,8 % и во 2020 се планира дополнителен 1%, или тоа е некаде околу 10 милиони евра повеќе пари од бизнисот, повеќе пари од граѓаните кој што ќе се слеат во Буџетот за да може вака на брутален начин преку двојни стандарди да се обидуваат да тргуваат и да ги манипулираа гласовите.
Рецензијата н а најголемата лага за живот во Македонија покажува дека и пензионерите се жртва на неуспешната и манипулативна политика на Зоран Заев. Ваквите измами во пресрет на изборите покажуваат дека Зоран Заев е во паника и знае дека ќе ги изгуби изборите.
Ќе го повикам секој еден пензионер во Македонија да не верува во ниските страсти, измамите и погрешните политики на Зоран Заев и владата. Тоа е политика на клиентилизам која со многу помалку од тоа што природно и законски ви следува сакаат да го добијат вашиот глас да го корумпираат со невистини и сеење на магла.
Тоа е и потценување кон вас кое знам дека вие нема да го прифатите и нема да подлегнете кон еден ваков нереален и измамнички однос. Вие сте луѓе со чест и углед. Доаѓа ново време, доаѓа период на промени и обнова. Новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе го почитува зголемувањето на пензиите кое треба да го следи покачувањето на трошоците за живот, просечната плата и куповната моќ на општеството.
Ќе имате повисоки пензии и она што ви следува, вие заслужувате многу повеќе но пред се чесен и искрен пристап, мирен и достоинствен живот. Ние заедно ќе се избориме за обнова која ќе го овозможи сето ова.
Ве молам да не бидеме робови на декаденцијата на примитивизмот на криминалот и лагата, ние сме луѓе кои што заслужуваат достоинствена и чесна обнова, истакна истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
фото: ВМРО ДПМНЕ