ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од режимската матрица во која е западната. Потврда за тоа е тимот на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е составен од веќе познати лица на јавноста од режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.
Маријанчо Тодоровски советник во град Скопје во времето на Коце Трајановски е еден од креаторите и учесник во унаказувањето на градот преку мега криминалниот проект Скопје 2014.
Ѓоко Велески е уште еден остаток од груевизмот, соработник од времето на неспособното владеење на Диме Спасов.
Токму тоа беше времето во кое што освен немилосрдно се трошеа пари на луксуз и расипништво никој не водеше грижа за сиромашните, стечајците беа игонирани и турнати на маргините, а социјалната помош беше срамна и недоволна за ништо, пензионерите беа постојано манипулирани а усогласувањето на пензиите беше злоупотребувано за купување на гласови пред избори.
Тимот на техничката министерка Мизрахи е дел од матрицата која ги погазуваше правата на жените, која наметна рестриктивен закон за абортус, матрица која не дозволуваше поголема родова еднаквост и поголема застапеност на жените.
Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе видена и прочитана. Тоа е понуда на масовно кршење на човековите и работничките права на манипулација со пензионерите, на злоупотреба на социјално ранливите и игнорирање на стечајците.
Со таквата понуда ВМРО-ДПМНЕ може да очекува силен убедлив пораз на изборите на 12 април. Граѓаните нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во времето на манипулации и погазувања на правата.
На 12 април граѓаните ќе потврдат дека мерките на СДСМ во социјалната заштита се на прав пат., се вели во соопштението од СДСМ.
фото: Архива