Македонија

Тужете ако не ви даваат пасош, Хелсиншки комитет ќе ве застапува

Македонски граѓани, поради пасошката криза и рестрикциите во издавањето нови патни исправи, се принудени да откажуваат и туристички аранжмани, но и учество на деловни и спортски активности во странство. На таква мака биле ставени една скопјанка, која поради оштетена патна исправа, била принудена да откаже туристички аранжман, како и момче од Скопје, кое сè уште e во неизвесност дали ќе отпатува на спортски настан, затоа што не се знае дали МВР неговото барање за нов пасош ќе го прифати како ургентно.

Во Хелсиншкиот комитет за човекови права велат дека нудат бесплатна правна помош за сите засегнати граѓани кои ќе решат да го тужат МВР, кое според Законот за патни исправи е должно да им обезбеди лични документи на граѓаните, но  и да ги обештети оние кои претрпеле материјална штета.

Во МВР велат дека повеќе од 16.000 граѓани поднеле барања и се сликале за нов пасош, но има само 3.600 пати обрасци. Пасоши ќе добијат 650 граѓани кои аплицирале во итна постапка. А од останатите предност ќе имаат само оние кои имаат неодложно лекување во странство.

На почеток