Македонија

Груевски пред да избега извадил над 200.000 евра од македонските банки

Пред да избега, експремиерот Груевски од неговите сметки извадил над 180 илјади евра, тврдат извори од една од банките каде експремиерот имал над 15 сметки. Тој експресно ги затворил истите, по што, ден потоа почна драмата за негово наоѓање со цел да му се врачи поканата да се пријави во затворот “Шутка” каде требаше да одлежи 2 години.

Но, Груевски со се парите избега во Унгарија. Гласно се шпекулира дека експремиерот во Унгарија има банкарски сметки уште од времето кога беше прв човек во владата на Македонија, а на нив илјадици евра кои низ годините ги префрлал на различни начини.

Груевски ги испразнил банкарските сметки во Македонија, за да истите не му бидат конфискувани од судот поради неговото бегство.

Никола Груесвки според имотниот лист доставен во Антикорупциска комисија не поседува никаков движен и недвижен имот. Тој има само кредитни и дебитни картички, како и девизни сметки заштеди. Во имотниот лист не е впишан ниту станот на “Павел Шатев” каде пратеникот живееше. Иако на еден од протестите на ВМРО-ДПМНЕ тој возеше автомобил “пунто”, во имотниот лист не е заведен.

Од 2007-мата кога Груевски за прв пат како премиер пријавил што поседува во Антикорупциската комисија до последната пријава, имотот му се зголемил седум пати. Последно, според официјалните податоци, тој има 200 илјади евра.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток