Македонија

Џафери: Немам право, ниту мандат, да ја поништам одлуката на Собранието за распуштање

Претседателот на парламентот вели за „360 степени“ дека само неформално бил информиран за намерите на СДСМ да соберат најмалку 20 пратенички потписи за свикување седница, но дека досега не добил официјален предлог

Како претседател на парламентот немам право, ниту мандат, со индивидуален акт, односно со решение за свикување седница, да ја поништам одлуката на Собранието за распуштање, вели спикерот Талат Џафери во изјава за „360 степени“, коментирајќи ја иницијативата на СДСМ за свикување на законодавниот дом.

„Јас сум свесен за ситуацијата и не сум неодговорен, ама како претставник на институција сум обврзан да ги почитувам Уставот, законите и прописите. Ако не постапувам така, правам кривично дело, а зошто би го правел тоа“ истакна Џафери за „360 степени“.

Текстот во целост на: „360 степени“.

фото: Архива

На почеток