Свет

Орбан негира дека се среќава со Груевски

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги негираше информациите дека се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, кој минатата недела соопшти дека го стекнал правото на политички азил во Будимпешта. Орбан, одговарајќи на прашањата на опозицијата во Собранието дали се сретнал со Груевски, рече дека немал време да дише, а не пак да се сретне со Груевски.

Сепак, Орбан повторно му се заблагодари на Груевски за затворањето на имиграционата рута и додаде дека поранешниот премиер на Македонија бил жртва на меѓународен прогон на организациите на Џорџ Сорос. Орбан, сегашната ситуација во Македонија ја опиша како земја во која се случуваат политички игри и каде е вмешано и владеењето на правото.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток