Свет

Во десет региони во Украина, од денеска воена состојба

Украинскиот парламент вчера одобри воена состојба со почеток од вторник во десет од вкупно 27 региони во земјата. Претседателот Петро Порошенко рече дека воената состојба ќе помогне да се „зајакнат украинските одбранбени капацитети во услови на се поголема агресија и според меѓународното право ладниот акт на агресија од страна на Руската федерација“. Тој додаде дека Украина има намера „да продолжи да се придржува до сите меѓународни обврски“.

Според Русија воената состојба во Украина ќе ги разгори непријателствата во источна Украина.

За потсетување Русија отвори оган на украински воени бродови во Црното море во неделата, обвинувајќи ги дека навлегле во нејзините територијални води. По овој чекор, Амбасадорката на САД во Обединетите нации Ники Хејли ја осуди Русија за „нарушувањето на суверенитетот на украинската тетриторија“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток