Магазин

Видео со над 100.000 прегледи за само два дена, Црногорскa рекламa за коронавирусот стана хит

Промотивно видео од Црна Гора во кое се укажува на важноста од превентивните мерки во борбата против коронавирусот стана хит на социјалните мрежи.Во видеото  е прикажано црногорско семејство додека руча на маса пред куќата, а баба со визир плете покрај нив.

Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче на нивната ќерка, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, правилно ја носи маската, ги мие и ги дезинфицира рацете“.

Потоа, ќерката му покажува на својот татко слика на еден млад човек со маска и тој коментира: „Убав е, но не дозволувај да ти се приближи поблиску од два метри“.

На крајот на рекламата е прикажана романтична вечер во автомобилот, а кога момчето ќе ја тргне маската и ќе се приближи кон девоката, таа го прска со средство за дезинфекција, по што се открива дека зад маската воопшто не е девојка, туку нејзиниот маскиран татко.

Видеото доби само над 100.000 прегледи за само два дена, а брзо почна да се шири на социјалните мрежи чии корисници беа воодушевени.

На почеток