Македонија

Кривична пријава за жител од Лабуништа, се заканувал дека ќе објави интимни фотографии за да заопочне љубовна врска

Жител на струшкото село Лабуништа ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа ако не почне љубовна врска со него.

Според информациите на МВР, против А.Н.(33) од село Лабуништа е поднесена кривична пријава за уцена.

„Во текот на годинава пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканувал на девојка од село во Струшко дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина“, велат од полицијата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток