Слајдер

Заев најави дека еден од првите чекори на новата Влада ќе биде паѓањето на дивоградбата пред „Мавровка“

Mандатарот Зоран Заев од Македонска Каменица, истакна дека меѓу првите работи на новата Влада ќе биде паѓањето на дивоградбата пред „Мавровка“.

-Прво треба да се зафатиме со новите чекори во врска со ковид-кризата, тоа значи прво образованието и детските градинки, развојот на четвртиот пакет на мерки кои верувам со новиот министер за финансии и со другите економски ресори, синдикатите, работодавците ќе ги развиеме. Една од првите работи е и да падне објектот пред „Мавровка“ затоа што е дивоградба и ќе направиме се како влада, да разработивме идеи и верувам дека ќе ги утврдиме заедно со правните прописи, изјави Заев.

На почеток